Намена

Selecta АКРИЛНА е мат боја на водена база за грундирање и завршна обработка на ѕидови и плафони на суви места во внатрешни простории кои имаат помали потреби од перење и отпорност на површините. Со оглед на одлично избалансираниот однос на цена и квалитет, Selecta е многу економично решение за боење на големи површини, како што се новоизградени стамбено-деловни објекти, трговски центри, супер и мега маркети.
Специјални карактеристики
Selecta има добра покривна моќ и можност за елиминирање на ситните недостатоци од глетување. Бојата остава дифузно пропустлив слој со слабо напрегнување и поради тоа може да се користи на површини кои имаат низок процент на врзивно средство. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Подлогата на која се нанесува мора да биде чиста, сува и без прашина. Отстранете ги сите претходни премази и трошни делови. Сјајните површини потребно е да се елиминираат со брусење. Се нанесува со ваљак или со четка. Доколку бојата се нанесува со прскање, неопходно е малку да се разреди со вода. Има мека структура како би овозможила уедначено и добро покривање на површината. За да се постигнат уедначени резултати, кога се нанесува со ваљак, важно е ваљакот по површината да се движи со нежен притисок и во иста насока.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
Идеална за боење на ѕидови и плафони на новоизградени стамбени објекти
Препорачан алат: Кончан ваљак со должина на влакна од 12-18mm.