InneVÄGG 25 Aqua

Намена
InneVÄGG 25 Aqua е доста отпорна водоотпорна, водоперива боја на водена база наменета за грундирање и завршна обработка на внатрешни ѕидови и плафони во влажни простории. Специјално е наменета за завршна обработка на ѕидови каде постои потреба од отпорна површина, на пример, купатила, перални, јавни простории, канцеларии и кујни. Содржи фунгициди неопходни за влажни услови не дозволува на нејзината површина појава на мувла, алги или буѓа.

Специјални карактеристики
Бојата е со висок квалитет и прецизен вискозитет што дозволува нанесување без прскање. Има значителна покривна моќ. Може да издржи секојдневно влажнење со вода. Не содржи феноли ниту органски растворувачи. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Подлогата на која се нанесува мора да биде чиста, сува и без прашина, обработена така да овозможи добро поврзување. Кај старите и трошните површини отстранете ги претходните премази и трошни делови. Сјајните површини треба да се елиминираат со брусење. Се нанесува со ваљак или со четка. Доколку бојата се нанесува на површини на кои има буѓа или оштетени површини неопходно е истите добро да се исперат со средството Fasad&MögeltVätt, да се остават добро да се исушат и да се избришат со сува крпа. Потоа задолжителнои нанесете прајмер за ентериери MikroDISPERSER, и дури кога тој ќе се исуши можете површината да ја пребоите.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
InneVÄGG 25 Aqua е идеална за употреба во купатила, кујни, лаборатории, аптеки, пекари и сите влажни простории (алтернатива на керамички плочки).
Препорачан алат: Кончан ваљак со должина на влакна од 12-16mm. или микрофибер ваљак со должина на влакна од 9-11мм.