Намена
Projekt 20 е внатрешна полу сјајна - ултра сатен латекс боја со многу висок квалитет. Водоперива боја на водена база со исклучителни карактеристики на полност и покривна моќ за грундирање и завршна обработка на внатрешни ѕидови и плафони во суви простории.
Специјални карактеристики
Projekt 20 дава полу сјајна- уктра сатен површина. Високиот процент на цврсти состојки во бојата е комбиниран со исклучителите својства за нанесување. Во поголемиот број на случаи е сосема доволно да се нанесе бојата само во еден слој! Доста лесно се нанесува, не прска и не пролизгува. На третираната површина и дава доста добра отпорност. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Подлогата која што се нанесува мора да биде чиста, сува и отпрашена, како би овозможила добро прилепување.Кај старите и трошни површини отстранете ги претходните премази и трошни делови. Сјајните површини треба да се елиминираат со брусење. Се нанесува со помош на ваљак или четка. Доколку бојата се нанесува со прскање, неопходно е да се разреди малку со вода. Бојата има мека структура како би овозможила уедначено и добро покривање на површините. За да се постигне уедначен резултат, кога се нанесува бојата со ваљак, важно е да се движи ваљакот по површините со мек притисок и во иста насока и на тој начин се елиминира можноста од неправилно прекршување на светлина.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
Projekt 20  е заснована на нова LATEX технологија и не може да се спореди со останатите системи на бои. Мора да се доживее. Уверете се сами што значи 25% поголем процент на цврсти состојки за карактеристиките на бојата. Овозможува до 5000 циклуси на водено бришење, а е пареопропусна (му дава на ѕидот да дише). Компјутерско тонирање во преку 2200 нијанси (од пастелни до интензивни нијанси)
Препорачан алат: Кончан ваљак со должина на влакна од 12-16mm. или микрофибер ваљак со должина на влакна од 9-11мм.