Multi MATT - алкидна мат боја за покривање на флеки
Намена
MultiMATT V е алкидна мат боја на водена база наменета за грундирање на внатрешни ѕидови и плафони во суви простории пред нанесување на завршен слој на акрилни бои (стари испрани површини, прашливи површини,стари тапети, површини оштетени од оган, вода или никотин или дрвени површини богати со смола). Погоден е и како еднослоен мат премаз за плафони.
Специјални карактеристики
Има доста добра покривна моќ благодарејќи на посебните својства на алкидно лепило. Алкидното лепило добро и длабоко продира во сите подлоги. После оксидацијата (сушење) се поврзува со подлогата и на тој начин го решава проблемот “пробивање од внатрешноста”. Не содржи феноли ниту органски растворувачи. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Подлогата која што се нанесува мора да биде чиста, сува и отпрашена. Отстранете ги претходните премази и трошни делови. Сјајните површини треба да се елиминираат со брусење. Се нанесува со помош на ваљак или четка. Доколку бојата се нанесува со прскање, неопходно е да се разреди малку со вода. Бојата има мека структура како би овозможила уедначено и добро покривање на површините. За да се постигне уедначен резултат, кога се нанесува бојата со ваљак, важно е да се движи ваљакот по површините со мек притисок и во иста насока.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје