Pärla Decor е бисерна боја на водена база за ентериери
Намена
Pärla Decor е бисерна боја на водена база за постигнување на декоративни бисерни или кадифени ефекти на ѕидови и плафони, а на основа на различни агли на прекршување на светлината.
Специјални карактеристики
Дава бисерна површина која ја прекршува светлината и произведува декоративен ефект. Не содржи феноли ниту органски растворувачи. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Подлогата на која се нанесува мора да биде чиста, сува и без прашина. Старите,трошните и глетуваните површини премачкајте ги со MicroDisperser. Доколку се врши декорација на гипсани табли, користете ProjektGrund. Pärla Decor се нанесува на површини премачкани со нијансиран Project 04 разреден со вода (до 30%). Pärla Decor, после сушењето на основниот слој, се нанесува со неправилни движења со нерѓосувачка глетарица. Пред целосно да се исуши материјалот, повторно со неправилни движења поминете ја целата површина со глетарица и така ќе постигнете кадифен ефект (Mirage). Pärla Décor можете да ја нанесете преку основниот слој (Projekt 04) и со помош на ваљак во два слоја (разредено со вода до 40%). Почекајте површината да се исуши (1 до 3 часа). Декоративниот ефект се добива со нанесување (тапкање) на нијанисрана основна боја (Projekt 04) со крпа (Royal), со сунѓер (Paris) или со други алатки за декорација.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје