VäggLasyr е лазурна боја на водена база/полу-мат
Намена
VäggLasyr е лазурна боја на водена база која се користи за креирање на декоративни ефекти во ентериерите на површини премачкани со тониран Projekt 07/20. Наменет е за внатрешна употреба во суви простории.
Специјални карактеристики
VäggLasyr останува погоден за обработка доста долг период и овозможува креирање на шари и ефекти по површината. Ефектите се постигнуваат со контраст помеѓу основните бои (на пример, Projekt 07/20), дебелината на нанесениот слој на VäggLasyr и шарите направени по избор. Шарите зависат од алатот кој се применува (сунгери,крпи). Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Подлогата треба да се обработи со нијансирана боја која треба да се суши најмалку 2 часа. Нијансираниот VäggLasyr во боја која се согласува со основната боја се нанесува уедначено. Ефектот се постигнува со различни типови на четки, ваљци со различна структура, крпа, сунгер, хартија и слично. Прво пробајте на помала површина за да би се навикнале на техниката и би пронашле што по погодна шара. Полесно е доколку работите двајца, Едниот со ваљак нанесува VäggLasyr, а вториот по него ја формира шарата. VäggLasyr остава површина која е отпорна за нормални домашни услови. За јавни места, канцеларии, хали и слично, се препорачува оваа површина да се прекрие со PanelLack.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје