MicroDisperser- Акрилен прајмер-подлога

Намена
MicroDisperser е акрилен транспарентен прајмер на водена база. Се користи за припрема на внатрешните ѕидови и плафони во суви простории пред нанесување на акрилни и латекс бои (на пример, Projekt 04). Успешно се користи и за припрема на ѕидови пред лепење на тапети или glas-fiber. Задолжително употребувајте го овој производ после брусење на глетовани ѕидови кои подоцна треба завршно да се обработат со латекс бои.
Специјални карактеристики
Многу е важно да кај впивливите површини (глет маса, бетон, малтер, гипсани плочи и останато) подлогата се натопи (засити) пред нанесување на бои или тапети. Не содржи феноли ниту органски растворувачи, и е во склад со сите досегашни еколошки барања.
Начин на користење
Подлогата на која се нанесува MicroDisperser треба да биде чиста, сува и отпрашена. Кај старите површини пред нанесување отстранете ги сите претходни премази и трошни делови. Нанесете доволно MicroDisperser, така да подлогата биде добро заситена. Се нанесува со ваљак, четка или со прскање. Се користи неразреден. Алатот кој го користите по завршување на работата исперете го со чиста вода.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
 

Со користење на MicroDISPERSER ја намалувате потрошувачката на завршната боја и значително го намалувате ризикот од настанување подоцна оштетување на завршниот слој на боја (на пр.Projekt 04) за време на нејзината експлоатација.