BetoCoat (Akrylat/Silicate/Mosaik) Фасаден Малтер

Намена
BetoCoat (Akrylat/Silicate/Mosaik) е пастозен Фасаден Малтер на водена база кој е наменет за надворешна примена на минерални површини (малтер, бетон, лепак за стиропор и останати). може да се користи секаде каде се бара структурна и отпорна фасадна површина.
Специјални карактеристики
BetoCoat (Akrylat/Silicate/Mosaik) е гранулиран пастозен Фасаден Малтер. Слабите и оштетени површини треба прво да се премачкаат со BetoPrime. Во комбинација со BetoPrime  се креира доста сигурен слој на боја кој ја одбива водата од фасадата иако во исто време не дозволува водата да продре под бојата. BetoCoat (Akrylat/Silicate/Mosaik) се произведува во гранулации од 1, 1.5, 2 и 3мм. Се произведува во нијанси и посебни тон карти за фасадни малтери.
Начин на користење
Подлогата која што се нанесува мора да биде чиста, сува со максимална влажност од 18%. Да не се работи на температура под +5°C или доколку влажноста на воздухот е над 80%. Исчеткајте ги старите површини со помош на челична четка, исперете ги , очистете ги и добро исушете ги. Задолжително користете BetoPrime пред користење на BetoCoat (Akrylat/Silicate/Mosaik). Пред нанесување потребно е да се разблажи со 5-10% вода и добро да се промеша со спора мешалка за пастозни материјали. Се нанесува со нерѓосувачка глетарка или со машина за нанесување на фасадни малтери. Финалната структура се постигнува со пластична или тефлонска глетарка.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

 
Совет:
Задолжително користете BetoPrime пред да користите BetoCoat (Akrylat/Silicate/Mosaik) Фасаден Малтер
Препорачан алат: Прохромска глетарка или прохромска шпакла, тефлонска или пластична глетарка (хобла).