Solid V -алкидна боја за дрво - полу сјајна

Намена
Solid V е алкидна полу-сјајна боја на водена база за надворешни дрвени површини. Погодна е за сите надворешни површини каде има изразена потреба за полу-сјајна боја отпорна на прљавштина (дрвени ѕидови, дрвени панели, столарија во градина, прозорци, врати, рамки од прозорци).
Специјални карактеристики
Solid V е боја за надворешни дрвени површини креирана по најнова технологија. Отпорна е на временски влијанија, дава стабилност на нијансите, но е флексибилна и го задржува оргиналниот сјај. Лесно се нанесува и добро покрива.Отпорна е на мувла и на алги. Мора да се користи во систем заедно со основната боја Atle V (поранешен назив UteGrund V) или UteGrund V. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Старите површини мораат да бидат очистени, а стариот слој на боја оструган. Површината потоа се пере со Fasad&MögeltVätt. Доколку на површината има мувла или алги, премачкајте ја со Permadent fungicid. Отворените пукнатини треба да се премачкаат со GrundOlja ili Stryx V (поранешен назив GrundOlja V) за да се избегне продирање на вода. Основната боја нанесете ја неразблажено, но доколку дрвото е многу богато со смоли или е цврсто, може да се разблажи. На необработено дрво препорачливо е да се нанесат два слоја Stryx V или UteGrund. Потоа со четка нанесете Solid V во два слоја. Секогаш е подобро да се нанесат неколку тенки слоеви и подолго да се чека на сушење, отколку неколку дебели слоеви. Никогаш не треба да се бои дрво кое е топло и изложено на директна сончева светлина. Доколку се нанесува со прскање, Solid V мора да се разреди со вода.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
Solid V  е идеална завршна боја за надворешни дрвени површини изложени на екстремни временски влијанија.
Препорачан алат: Рамна четка од густи природни влакна