UTEGRUND е тихотропична основна алкидна боја за дрво на база на еко растворувач.

Намена
UTEGRUND е тихотропична основна боја на база на еко растворувач. Базирана на алидни смоли првенствено наменета како заштитен слој на подлогата под Uteakrylat, Täklasur и Alkydiljärg однадвор, првенствено на ново дрво. Исто така е погодна за реновација на претходно боено дрво. Може исто така да се користи и како основна боја внатре каде што е потребна изолација на површини оштетени со оган или вода, или како било која друга подлога, односно заштита за дрво.
Специјални карактеристики
UTEGRUND е традиционално матирана основна боја за надворешен третман на дрво. Многу добро покрива, има добра пенетрација во дрвото, одлична атхезија и висока полност. UTEGRUND мора да се користи како подлога секогаш кога при завршната обработка надворешно се користат Uteakrylat, Täcklasur V на незаштитено дрво. Овие производи мора секогаш да се користат заедно во систем.
Начин на користење
Старите површини мораат да бидат очистени со челична четка а старата боја мора да биде остругана. Површината потоа се пере со Alg & Mögelvätt. Доколку на површината има темни дамки, алги или габи, мора да се премачка со Permaden Fungicid. Отворените пукнатини на самото дрво мораат да бидат премачкани со препаратот Grundolja за да се избегне евентуално пробивање на вода во дрвото. Нанесете прво UTEGRUND неразреден, или доколку дрвото е полно со смола или тврдо разблажете со Lack nafta максимум до 10-15%.нанесете со густа четка и добро притиснете при размачкувањето за да бојата продре во внатрешноста на дрвото.Никогаш не треба да се бои дрво кое е топло или изложено на директна сончева светлина. Топлината доведува до тоа да растворувачот бргу испарува што ја смалува можноста да бојата длабоко продре во дрвото.
Датум на производство и рок на употреба се означени на пакувањето.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
Panel LACK 15  е идеален за дрвени панели и намештај
Препорачан алат: Микрофибер ваљак со должина на влакна од 9-11mm. или рамна четка од природни влакна