Ymer V - UteAkrylat -акрилна боја за дрво и метал на водена база-полу сјајна
Намена
Ymer V ( поранешен назив UteAkrylat) е полу-сјајна боја за дрво и метал на водена база. Погодна е за сите надворешни површини каде има изразена потреба за полу-сјајна боја отпорна на прљавштина (дрвени ѕидови, дрвени панели, столарија во градина, прозорци, врати, рамки од прозорци и метал заштитен од ‘рѓа).
Специјални карактеристики
Ymer V има добра покривна моќ и остава еластична водо-непропустлива површина. Лесно се обработува и нанесува. Мора да се користи заедно со основната боја Atle V (поранешен назив UteGrund V) или UteGrund, пред да се нанесе Ymer V. Овој материјал е дел од ColorexMIX системот за тонирање.
Начин на користење
Старите површини мораат да бидат очистени, а стариот слој на боја оструган. Површината потоа се пере со Fasad&MögeltVätt. Доколку на површината има мувла или алги, премачкајте ја со Permadent fungicid. Отворените пукнатини треба да се премачкаат со GrundOlja ili Stryx V (поранешен назив GrundOlja V) за да се избегне продирање на вода. Основната боја нанесете ја неразблажено, но доколку дрвото е многу богато со смоли или е цврсто, може да се разблажи. На необработено дрво препорачливо е да се нанесат два слоја Stryx V или UteGrund. Потоа со четка нанесете Ymer V во два слоја. Секогаш е подобро да се нанесат неколку тенки слоеви и подолго да се чека на сушење, отколку неколку дебели слоеви. Никогаш не треба да се бои дрво кое е топло и изложено на директна сончева светлина. Доколку се нанесува со прскање, Ymer V мора да се разреди со вода. Метал:Површината треба да се очисти, а ‘рѓата да се отстрани со челична четка. Основниот слој треба да биде RostSkyddsPRIMER V. Завршете со 2 слоја неразреден Ymer V. Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје