TRÄLASYR e тиксотропична алкидна транспарентна  лазурна боја за дрво

Намена
TRÄLASYR e тиксотропична алкидна лазурна боја на база на еколошки растворувачи, првенствено наменета за надворешни дрвени површини, претходно необработеени или обработени со уљани или алкидни производи. Погодна е за сите надворешни површини од кои се бара отпорност спрема прљавштини и сјајни површини (ѕидни панели, столарија, столарија во градина, прозорци, врати, рамки од прозорци).
Специјални карактеристики
TRÄLASYR овозможува структурата на дрвото да биде потполно видлива после нанесување на слој боја. Нијансата ќе зависи од бројот на нанесени слоеви. Повеќе слоеви даваат подлабок тон. Треба да се избегнува преклопување. За идно префарбување доволно е TRÄLASYR да се нанесе со четка, а гребење треба да се избегнува. Безбојниот TRÄLASYR не треба да се користи за ново нетретирано дрво или меки површини изложени на јаки сончеви зраци. Овој производ е дел од COLOREXMIX системот за тонирање (лазурни нијанси).
Начин на користење
Старите површини мора да бидат очистени со челична четка, а стариот слој на боја мора да биде оструган. После тоа исперете со FASAD&MÖGELTVÄTT. Доколку на дрвото имаат темни точки, мувла и алги, површината мора да се премачка со PERMADENT фунгицид. Отворените пукнатини на дрвото премачкајте ги доста добро за да се избегне продирање на вода во дрвото. Бојата се нанесува неразредена во тенки слоеви. Нанесете ја со помош на густа (тврда) четка и добро притиснете како би продрела бојата во внатрешноста на дрвото. Подобро е да се нанесе неколку тенки слоеви, со неколку дена пауза, отколку неколку дебели слоеви. Дополнителните слоеви ја појачуваат нијансата на бојата. За светли тонови повторно нанесете безбоен, а потоа тониран TRÄLASYR. Никогаш не треба да се бои дрво кое е топло или е изложено на директно влијание на сонце.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
TRÄLASYR e идеален за надворешни дрвени површини каде сакате да биде видлива структурата на дрвото.
Препорачан алат: Рамна четка со густи природни влакна.