GRUNDOLJA - уље за импегнација и заштита на дрво

Намена
GRUNDOLJA е транспарентно чисто уље за надворешна и внатрешна примена, а се користи за импегнација на дрво, пред нанесување на завршниот слој на боја за дрво или лазура за дрво. GRUNDOLJA е погодна за сите типови на дрво, било сирово или претходно третирано или импрегнирано.
Специјални карактеристики
GRUNDOLJA е специјално креирано за импегнација на “критичните точки” на дрвените конструкции пред боење. GRUNDOLJA се користи на места каде обичната основна (grund) боја не дава добри резултати, а тоа се споеви, краеви и делови од дрвото богати со смола. GRUNDOLJA е креирана од Кинеско (tung) и ленено уље. Двете уљиња добро продираат и значително се водоотпорни. GRUNDOLJA го штити дрвото од пукање и скапување, а во исто време дава значително прелепување на подлогата со завршниот слој на боја.
Начин на користење
Дрвото мора да биде тотално суво (највеќе 14% влажност) и чисто. Скапаниот дел од дрвото треба да се отстрани. Се нанесува со четка или крпа. GRUNDOLJA треба да продре низ дрвото без креирање на површински слој. Сјајните точки на чворовите и вишокот на уље на дрвото треба да се избришат со крпа натопена во деароматизиран Еко растворувач (Lack nafta). Крпата која е натопена со уље може да биде запаллива и треба после употребата да се уништи односно изгори.
Да се заштити од смрзнување.
По лиценца на Colorex AB Sweden произведува
Matox AD Srbija Замја на потекло: Р.Србија
Увозник и дистрибутер за Р.Македонија:
А.Д.”Игма инженеринг”-Скопје

Совет:
GrundOlja се користи во систем за завршна обработка заедно со боите YmerV-Uteakrilat i SolidV
Препорачан алат: Тврда четка со природни влакна, памучна крпа.